Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата успешно го положи тестот на стоте дена – премиерско резиме на Ковачевски

0
By Соња Крамарска on April 29, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 29, 2022 13:59

На форумот „100 дена од мандатот на новата Влада“ премиерот Ковачевски и министрите направија резиме на досегашното работење и одговараа на прашања, при што главната улога му беше доделена на шефот на Владата.

На прашањето за перспективите на ЕУ интеграцијата на Македонија и пораките од САД и Франција дека стабилноста на Западен Балкан зависи од овој процес, Ковачевски одговори со осврт на дијалогот со Бугарија и рече дека тој треба да се води со взаемна почит и водење сметка за достоинството на двете страни.

„Мора да се сочува достоинството на граѓаните на двете држави. Така дијалогот ќе вроди со резултат за градење добри односи меѓу соседи и земји членки на ЕУ. Честопати оваа дискусија е преземена од националисти и популисти и тоа не е добро. Ние, како европски влади имаме обврска да наметнеме позитивен наратив кој ќе ни овозможи отпочнување на преговори за членство во ЕУ“, рече Ковачевски.

Во однос на енергетската криза што ја дочека Владата на стартот на самиот мандат, шефот на Владата рече дека државата веќе има јасна слика за производството на електрична енергија. „Новата фотонапонска електрана ‘Осломеј’ ќе произведува чиста, домашна енергија и ќе придонесе кон заштита на животната средина. Со оваа електрана освен што ќе ги снабдиме потребите на околу 2.800 домаќинства со електрична енергија, правиме и култивација и оплеменување на 15 хектари површина. Ова е прв проект со кој се заменува производството на електрична енергија од загадувачка технологија во чиста технологија и како таков е пример и за идните проекти за енергетска транзиција во земјите на Западен Балкан“, рече Ковачевски.
Тој додаде и дека има големи очекувањата и од проектот ХЕЦ Чебрен кој се наоѓа во во втора фаза во која треба да се избере изведувач од 9-те понудувачи.

„Дополнително веќе ја отпочнавме изградбата на далноводот Битола – Елбасан што значи поврзување со единствената држава со која немавме поврзување со 400 киловолтен далновод тоа е Албанија и со тоа сме држава која непречено може да ја транспортира енергија преку својата територија и од Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија и да се градат дополнителни капацитети кои ќе можат да бидат продавани“, рече Ковачевски.

Во однос на земјоделското производство, посочи премиерот, направен е нов план за инвестирање во пченка, пченица, јачмен и сончоглед, во полјоделството, сточарството и овоштарството. Притоа, како што рече Ковачевски, за прв пат се воведуваат авансни субвенции и тоа оваа година во овоштарството, при што 30 отсто од износот ќе се исплати пред да започне сезоната, а 70 отсто според планот за исплата на субвенциите. Ќе бидат зголемени и субвенциите за пченица, пченка и сончоглед.

Тој посочи дека целта е со оваа поддршка да се одговори на светската економска криза, која претставува една од најголемите по Втората светска војна, а е предизвикана од агресијата на Русија врз Украина, „но и да станеме увозно независни со достапна и поевтина храна“, нагласи премиерот Ковачевски.

„Ние како држава имавме сосема погрешен концепт на субвенционирање, којшто беше воведен доминантно заради финансирање покрај на земјоделството и финансирање на други политички цели. Ако ги погледнеме бројките на инвестирани 8-9 милијарди денари на годишно ниво и повеќе, ние имаме секоја година помало производство на храна, поголем увоз на храна и драматично помало производство на стратешки прехранбени производи“, истакна Ковачевски.

Тој додаде и дека со 26 антикризни мерки е спречен ударот од големиот ценовен шок во услови на историски највисоки цени на храна и енергенси. „Со намалување на ДДВ-то и акцизите имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот. Со намалување на данокот на додадена вредност од пет проценти на нула проценти, и со ограничувањето на малопродажните и големопродажните маржи на основните прехранбени производи, успеавме да спречиме огромен раст на цените и да го заштитиме стандардот на граѓаните“, истакна Ковачевски.
Го ублаживме, притоа рече тој, големото поскапување на храната и енергенсите. „Со антикризните мерки кои ги воведовме, граѓаните месечно заштедуваат по 300 денари за нафта, по 1.500 денари за храна и по 2.150 денари за сметката за струја. Ефектите од овие мерки значат заштеда од скоро 4000 денари месечно за секој граѓанин“, дополни Ковачевски.

„Дополнително, од пакетот антикризни мерки – операционализацијата на бескаматните кредити од Развојна банка во вредност од 5 милиони евра за три поволни кредитни линии за поддршка и развој на приватниот сектор, ќе обезбедат поддршка за стопанството и ликвидност на компаниите“, подвлече Ковачевски во настапот по повод стоте дена на Владата што ја предводи. (С.К.)

100 дена Влада Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.