Рускиот претседател, Владимир Путин, имаше средба со лидерката на француската радикална десница, Марин Ле Пен, потврдувајќи на тој начин дека таа е важен фактор на мешународната сцена, оценува агенцијата „Ројтерс“.
Испитување на јавното мислење покажува дека кандидатката Ле Пен, која рече дека му се восхитува на Путин, ќе влезе во вториот круг на претседателските избори на 7 мај, но дека ќе изгуби од центристичкиот кандидат Емануел Маркон.
Ле Пен го поддржува укинување на економските санкции кои ЕУ и ги наметна на Русија подари нејзината улога во украинскиот судир, а тој став го повтори и при вчерашната средба со Путин.
„Секако, знам дека е изборна кампања во Франција. Не сакаме на никој начин да влијаеме на неа, но имаме право да разговараме со претставниците на сите политички сили во таа земја.“, рече Путин по средбата.