Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владина делегација оддаде почит на загинатите бранители кај Љуботенски Бачила

0
By Ана Василевска on August 10, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Владина делегација предводена од советникот за одбрана на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Драган Василевски, денеска положи цвеќе пред спомен плочата на загинатите бранители во касарната Илинден во Скопје.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повод 22 годишнината од трагичното загинување на осумтемина бранители и припадници на Армијата кај месноста Љуботенски Бачила, владина делегација предводена од советникот за одбрана на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Драган Василевски, денеска положи цвеќе пред спомен плочата на загинатите бранители во касарната Илинден во Скопје.

Како што соопштија од владината прес – служба, во чест на загинатите припадници на Армијата, цвеќе во касарната Илинден положи и делегација на Министерството за одбрана, предводена од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во состав со началникот на Генералштаб на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и полковник Новица Стојановски.

Владина делегација, предводена од советникот за одбрана на премиерот Василевски положи цвеќе и оддаде почит и пред спомен обележјето на загинатите бранители кај Љуботенски Бачила, каде цвеќе положи и делегација на Министерството за одбрана, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски.

Цвеќе беше положено и пред спомен обележјето на загинатиот бранител Томислав Настевски во Општина Ѓорче Петров и пред спомен обележјето во Волково, каде почит оддадоа владината делегација, предводена од советникот за одбрана на Претседателот на Владата Василевски и делегацијата на Министерството за одбрана предводена од началникот на Генералштаб на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски.

На низата одбележувања на овој настан, почит оддадоа бројни делегации, меѓу кои делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, претставници на локалната самоуправа, делегации на политички партии, како и членови на семејствата на загинатите бранители.

На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

Владина делегација Љуботен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.