Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владиниот мандатар со најава: Учебната година ќе почне на 1 октомври

0
By Нова ТВ on August 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Учебната година ќе почне на 1 октомври, соопшти денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, откако во Собрабнието достави предлог-состав и програма на новата влада. Посочи дека онлајн-наставата ќе биде концепт за сите ученици, освен за првите одделенија во кои учениците, како што рече, треба да бидат описменети, како и во училишта според проценките на самите општини.

Се остава време за да се земат предвид сите аспекти на оваа, како што рече, комплексна проблематика, како подготовка на онлајн-платформата, безбедносните протоколи за децата, прашањето за чување на децата до 10 години, итн., и тие ќе бидат на дневен ред на првата седница на новата Влада.

Како што беше и досега најавувано, за почеток на новата учебна година се потребни измени на законите за основно и за средно образование, согласно со протоколите за моделите на настава во услови на пандемија што треба да ги донесе Собранието.

Од досегашниот министер за образование, Арбер Адеми, кој отсега ќе биде пратеник, Заев побара да ги даде неопходните информации, додавајќи и дека идната министерка Мила Царовска како актуелен потпретседател на Владата е запозната и работи на проблематиката.

„Владата навреме ќе ги донесе сите одлуки изградени врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести и на проценките на Министерството за образование и наука и министерот Адеми. Имаме прилично чиста ситуација. На првата седница на Владата ќе донесеме конечни и конкретни одлуки и веднаш ќе ги соопштиме. Имаме подготвено комплетен план, со сите анализи и искуства, со цел образовниот процес на учениците да тече, а да го заштитиме нивното и здравјето на нивните семејства“, додаде Заев.

Зоран Заев Македонија Модел почеток учебна година
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.