Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта ги одби Законите за намалување на ДДВ на струја и храна

0
By Marija Todorovska on February 24, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денес, во Собранието на Република Северна Македонија, сведочевме на уште еден чин на отуѓеност на владејачкото мнозинство од реалноста во која живеат граѓаните. Наместо да донесат одлука што директно ќе го олесни товарот врз семејните буџети, пратениците од владејачката коалиција одбија да ги поддржат измените и дополнувањата на Законот за ДДВ, со кои предложивме намалување на ДДВ-то за електричната енергија од 18% на 5% и укинување на ДДВ-то за основните прехранбени производи, вели Фатмир Битиќи.

Тој додаде дека со предложените измени и дополнувања на Законот за ДДВ биле предвидени одржливи решенија. Намалувањето на ДДВ-то за струјата ќе значело 13% пониски сметки за над 600 илјади домаќинства. За сметка од 3.000 денари, граѓаните ќе заштеделе 400 денари месечно, а за повисоките сметки заштедата ќе била уште поголема.

Ветуваа повисоки плати, но граѓаните денес купуваат помалку со истите приходи. Се ветуваше енергетска независност, а ние увезуваме повеќе струја. Се ветуваше подобар живот, а денес едно семејство треба да издвои 2,9 минимални плати за да ја покрие потрошувачката кошница од 63.773 денари.

Денешното гласање во Собранието покажа дека владејачкото мнозинство нема политички сензибилитет за социјална правда и економска рационалност, не ги интересира дали граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за струја, дали храната ќе продолжи да поскапува, дали семејните буџети ќе продолжат да се празнат, рече Битиќи.

Тој напомена дека СДСМ ќе продолжи да се бори за системски решенија за замрзнување на цените на основните производи, за фиксни маржи, за итна примена на Законот за нефер трговски практики, за поевтин „зелен картон“ и за зголемување на платите преку замрзнување на придонесите.

 

Власта ДДВ струја Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.