Во деветмилионскиот кинески град Вухан, во кој беше регистриран првиот случај на новиот тип на коронавирус, ќе бидат затворените сите сообраќајни и транспортни мрежи, а на граѓаните им е советувано да не го напуштаат градот, јавија кинеските државни медиуми.
Во прекин е автобускиот, подземниот, траектниот и меѓуградскиот сообраќај, додека аеродромот и железничката станица ќе бидат затворени за сите патници во заминување од денеска претпладне. Властите ги замолиле граѓаните да не го напуштаат градот без некаква посебна потреба, пренесуваат британските медиуми.
Бројот на жртви од новиот коронавирус во Кина од денеска е нараснат на 17, додека бројот на заболени порасна на 540, соопштија здравствените власти.
Вирусот од Вухан досега се прошири и на други кинески градови, како Пекинг, Шангај, Макао и Хонг Конг, а потврдени случаи има и во САД, Тајван, Тајланд, Јапонија и Јужна Кореја.