Меѓународната железничка станица во Будимпешта е отворена за илјадниците мигранти по два дена протести.
Како што пренесува BBC, бегалците, претежно од Сирија, Авганистан, Еритреја и други држави, со трчање влегуваат во вагоните.
Но нивните надежи се целосно скршени, како што самите велат, по објавата на унгарската железница, дека ниеден воз, поради безбедносни причини, нема да се упати кон Западна Европа.
До синоќа, мигрантите во шатори ноќеваа во преминот под „Келети“, а во текот на деновите со протести го изразуваа незадоволството од нечовечкиот однос кон нив.
Бројот на мигранти кои влегле во Европа достигна највисоко ниво, 107.500 пристигнале само во јуни годинава. Германија очекува да прифати 800.000 мигранти во 2015, четири пати повеќе од минатата година.




