Published: Wednesday, December 17, 2014 11:44
Прогласен е крај на тригодишното жалење во Северна Кореја за поранешниот лидер Ким Јонг Ил, татко на сегашниот шеф на државата Ким Јонг Ун.
Во Пјонгјанг десетици илјади луѓе се собраа да му оддадат почит на починатиот лидер, пред големиот споменик, настан кој беше пренесуван од државната телевизија.
Ким Јонг Ил почина на денешен ден пред три години. Владееше со земјата 17 години а почина во 2011.
На насловните страници во печатот објавени се неколку фотографии на поранешниот лидер и наброени се сите позитивни работи кој ги направил за Севернокорејците.




