Македонските граѓани во Грција може да влезат и со тест за антитела. Ова се новите измени кои ги воведоа грчките власти, а ќе важат до 31 мај. Документот мора да биде преведен на англиски, германски, француски или италијански јазик.
Влезот кај јужниот сосед и натаму е дозволен со приложување на негативниот ПЦР тест, или примени две дози вакцини, но само ако од втората доза се поминати 14 дена. Ова важи и за патниците кои со авион ќе заминат на одмор на грчките острови.
Сите патници кои ќе патуваат во Грција задолжително мора да пополнат формулар (Passenger Location Form), и тоа најмалку 48 часа пред влез во земјата. Во формуларот треба да стојат основните податоци на патниците, како и адресата каде тие ќе бидат сместени за време на престојот на Грција. По пополнување на формуларот патниците ќе добијат повратна порака на маил, со бар код, како потрда дека влезот е дозволен. Пораката и кодот патниците треба во хартиена или електронска форма да го покажат при влез во Грција.
Продожениот празничен викенд ги наполни грчките плажи, пред се со македонски државјени кои после 14 месеци конечно успеаја да отпатуваат на Егејското море. Најголемиот дел од патниците кои вчера влегле во Грција, според информации од граничните служби биле македонски и српски државјани.
Граничниот премин Евзони кој беше затворен цели 14 месеци грчките власти го отворија минатата недела. Од тогаш па до денес преку овој премин влез во Грчките оствариле околу 13.500 патници.