Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ гласаше за Законот за сведоци што го бараше СЈО

1
By Нова ТВ on April 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците од власта и опозицијата денеска ги усвоија измените на Законот за заштита на сведоци, што ги бараше Специјалното јавно обвинителство, а за кој требаше двотретинско мнозинство. Измените беа донесени со 86 гласови „за“.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска рече дека ги подржале измените откако биле усвоени и нивните забелешки.

„Согласно предлозите кои ги давовме, вкупно 11 на број од страна на ВМРО-ДПМНЕ, се направи интервенција во постоечкиот закон и можеме да кажеме дека правдата е задоволена. Ваквиот закон можеби не е идеален, но е подобар од оној што беше предложен на почетокот од страна на СДСМ“ – рече Стаменковска.

Од СЈО за НОВА кажаа дека очекуваат со овие измени да бидат надминати дел од пречките во нивната работа.

Со измените се дава можност и на Специјалното јавно обвинителство да предлага лица кои ќе бидат вклучени во програмата за заштита на сведоци, за случаите што се во надлежност на СЈО, што досега беше во надлежност само на Јавното обвинителство. Во оваа Програма освен сведоци и соработници на правдата, ќе можат да бидат вклучени и жртви кои се јавуваат во својство на сведок или лица за кои ќе се процени дека можат да бидат изложени на заплашување, закана  или опасност по животот, здравјето, слободата, физичкиот интегритет или имотот. Барањето СЈО ќе треба да го достави до Советот за заштита на сведоци кое треба да одлучи во рок од 8 дена.

Исто така, доколку СЈО оцени дека  жртвата е загрозена и не може да биде заштитена од полицијата, ќе го извести Одделението за потреба од примена на итни мерки. СЈО може да предложи и продолжување на мерките за заштита на сведоци утврдени во Програмата.

Инаку, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева  уште од јануари 2016 година, бараше измени во Законот за заштита на сведоци, но поради несогласување на пратениците од ВМРО ДПМНЕ овие измени досега не беа усвоени.

 

 

ВМРО-ДПМНЕ Закон за заштита на сведоци СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.