Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во конфликт за градоначалниците

0
By Нова ТВ on June 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ побара од градоначалникот на Струмица и претседател на СДСМ, Зоран Заев, веднаш да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник. Според  нив, само во тој случај градоначаникот Заев ќе има образ да бара било што од градоначалникот Владимир Талески.

Тие велат дека Заев лицемерно ги обвинува другите за криминал, а самиот без око да му трепне го игнорира фактот дека е единствен градоначалник кој бил во притвор во Истражниот затвор во Скопје обвинет за криминал тежок 8 милиони евра.

„Имено, за 2014-2015 година Општина Струмица има склучено договор за јавна набавка за превоз на ученици, односно деца со посебни потреби во ООУ „Сандо Масев“ и вработените од општинската администрација. Договорот е склучен со фирмата „Тритерол“, која е единствен понудувач на тендерот во износ од 1.864.800 денари. Парите се обезбедени, а јавна тајна е дека учениците и вработените во администрацијата не ја добиваат услугата, односно нема превоз. Овие пари обезбедени од граѓаните се преточуваат во приватен субјект без да се изврши превозот. Ова се вика крадење на граѓаните“, рече пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Васил Пишев.

Од општина Струмица, пак, демантираа велејќи дека посочената фирма никогаш не се јавила на тој тендер и оттаму било неможно и да го добие, обвинувајќи дека владејачката партија со лаги  сака да го испере битолскиот градоначалник.

а Општината овие сомнежи се невистинити и, како што стои во писмената изјава, ВМРО ДПМНЕ со фабрикуван прес сака да го оцрни градоначалникот Заев и Општина Струмица.

„Вистината вели дека на распишаниот тендер на Општина Струмица за превоз на деца со посебнин потреби  во ООУ „Сандо Масев“ , фирмата „Тритерол“ воопшто нема аплицирано, што подразбира дека и не можела да испорача услуга“, стои во реакцијата од Општина Струмица. Од Општината уште додаваат дека доколку имало нешто незаконско, сигурно досега ќе било санкционирано.

„Можеле од ВМРО ДПМНЕ барем да најдат друг човек да ја држи денешната прес-конференција. Васил Пишев многу добро знае на кој начин се добиваат тендери во Општина Струмица, бидејќи тој и неговата фирма „Алмакс“ во времето на градоначалствување на Зоран Заев добивал тендери од Општина Струмица, како и повеќе други компании блиски на неговата партија“, пишува во реакцијата.

Во меѓувреме речиси сите градоначалници од ВМРО ДПМНЕ денеска јавно застанаа во одбрана на битолксиот градоначалник ВладмирТалески кој е осомничен од Специјалното јавно обвинителство за проневера на државни пари со наплата на неколкукратно поскап превоз на ученици. Во своите говори речиси сите градоначалници зборуваа дека се уверени оти Талески бил чесен човек кој не би ги прекршил законите.

Потпретседателот на СДСМ Александар Кирацовски изјави дека правната држава во Македонија мора да профункционира, а битолскиот градоначалник треба веднаш да поднесе оставка

„ Бараме Битола да не биде заложник на Владимир Талески и затоа тој мора веднаш, од морални причини, да си поднесе неотповиклива оставка. Ги охрабруваме сите, посебно чесните членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, да не си го валкаат образот за криминалци“ изјави Кирацоски .

ВМРО-ДПМНЕ СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.