Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ: Излезот е во нови парламентарни избори

0
By Нова ТВ on April 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од ВМРО ДПМНЕ со соопштение до СДСМ:

Излезот од ваквата ситуација во која криминогениот СДС ја доведе државата е еден. Нови парламентарни избори! Само така граѓаните јасно и недвосмислено ќе може да се изјаснат околу Тиранската Платформа. Само така граѓаните на Република Македонија нема да се чувствуваат измамено.

Народот му застана на пат на криминалецот Заев и мафијата од СДС. Народот ги прочита лагите и не им дозволи да ги раскрчмуваат највисоките државни и национални интереси.

Албанските партии потврдија дека има платформа, а криминалецот Заев има обврска да ја реализира. Криминалецот Заев е уценет. За да не оди во затвор мора да испорача се што ќе се побара од него. Криминалецот Заев мора да го смени законот за јазици и да го официјализира албанскиот на цела територија, што ќе претставува вовед во редефинирање на Македонија во бинационална држава. Криминалецот Заев мора да ги смени банкнотите, униформите и да ги осуди борците од НОБ за геноцид. Криминалецот Заев мора да отвори дебата за промена на знамето, химната и грбот. Криминалецот Заев мора да ги отпочне процесите на кантонизација и федерализација како вовед во промена на името на државата.

Криминалецот Заев има обврски и кон наркодилерите кои му помагаа за избори.

Народот го гледа сето ова и храбро одлучи да му се спротистави на злосторничкото здружение во раководството на СДС.

Затоа тие со секој изминат ден стануваат се понервозни. Затоа бандитите и насилниците од СДС почнаа да напаѓаат обични граѓани. Сите им се криви затоа што душата си ја продале.

Злосторниците од СДС се исплашени бидејќи на површина излегува нивното предавство и сакаат насилнички да ја замолкнат дебатата за штетните последици од реализирањето на Тиранската Платформа.

СДС е на спротивна страна од народот. СДС гледа непријатели во сите кои си ја сакаат татковината.

Граѓаните со право се револтирани. Граѓаните со право се на улиците 40 дена. Тие јасно го кажуваат своето мислење за деструктивната политика која СДС ја води.

 

 

избори Платформа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.