Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е единствена земја во Европа во која новинар доби затвор за пишан збор

0
By Нова ТВ on March 5, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Заев преку прогон и злоупотреба на судот и обвинителството сее страв во обид да ги замолкне медиумите кои се охрабруваат да ги истражуваат неговите криминали и да ја информираат јавноста за корупцијата и рекетот. Преку обвиненија, тужби, пресуди и затворски казни, тој сака да си купи мир и да ги цензурира новинарите кои одбиваат да клекнат на колена и да се приклучат на медиумско-обвинителско-политичката рекет машинерија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев заплашува и осудува новинари и врши директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана. Македонија денес е единствена држава во Европа каде што новинар е осуден на казна затвор само заради пишан збор. Зоран Заев и СДСМ се исплашени и затоа нарачуваат затворски казни за медиумите. На тој начин Заев се надева дека ќе се сокрие неговата улога во случајот „Рекет“ и ќе се покријат сите скандали во истрагата кои треба да ја избришат трагата која што води кон главата на октоподот. Заев нарачува, Русковска обвинителството спроведува, а Кацарска судството пресудува“, стои во реакција на опозициската партија.

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа по шестмесечната затворска казна што е изречена за уредникот на „Инфомакс“ и, според опозицијата, е доказ за едноумието што сака да го наметне Зоран Заев.

„Новинарот Александар Митовски е осуден поради тоа што на виделина изнесе докази од јавен интерес во кои постојат сериозни индиции дека Зоран Заев ги предупредил Бојан Јовановски и Зоран Милевски дека се откриени во „Рекет“. МВР и ОЈО, по наредба на Оливер Спасовски и Зоран Заев, претходно вршеа претрес во „Нет Пресс“ само поради објава на скандал каде што има сомнеж за сериозен криминал од страна на висок функционер од Владата на СДСМ. Тоа го изведоа додека медиумите протестираа пред ОЈО против притисоците врз новинарите“, е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

Кривичните пријави и политичкиот прогон против уредникот на „Инфомакс“, Александар Митовски, новинарот и уредникот на „Лидер“, Љупчо Златев, против новинарот Горан Момировски и телевизија „Алфа“, според ВМРО-ДПМНЕ се јасен показател дека „власта се плаши од вистината и од правдата во Република Македонија“.

ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.