Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ најавува реформи во медиумите и правосудството

0
By Нова ТВ on June 5, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во наредните денови ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди пакет клучни реформи во областа на медиумите и правосудството согласно препораките на Европската Комисија и извештајот на Прибе. Ова не денешната партиска прес-конференција го соопшти пратеникот Владимир Ѓорчев – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави дека јавноста навремено ќе биде информирана за сите идни чекори, но посочи и дека владејачката партија „нема да чека и да остави судбината на државата да зависи само од добрата воља на Зоран Заев и структурите на СОРОС.“

Македонија има капацитет и ќе го пронајде излезот од сегашната состојба. Тој излез сигурно не е продолжување со манипулациите и хипокризијата која што СДСМ ја демонстрира секојдневно. Целта на СДСМ и Соросовите структури е пролонгирање и продлабочување на дестабилизацијата, деструкцијата и кризата.

-СДСМ и СОРОС мора да се откажат од насилствата и од деструкцијата. СДСМ и СОРОС мора веднаш да престанат да ги малтретираат граѓаните со блокирање на улиците и брутално уништување на јавниот имот. СДСМ и СОРОС мора веднаш да ја надоместат штетата што ја направија, уништувајќи ги објектите на институциите и спомен обележјата.

СДСМ за прв пат во својата историја треба да се обиде да направи програма и наместо деструкција да понуди нешто конструктивно за сопствениот народ. СДСМ треба да прифати јавно дека народот е тој што одлучува во Република Македонија и само народот може да му го даде мандатот на тој што ќе ја води државата, рече Ѓорчев.

Тој го повика опозицискиот лидер Зоран Заев да побара да се повлече аболицијата за него дадена од екс претседателот Црвенковски за случајот „Глобал“. Исто така тој го повика и сопругот на Радмила Шекеринска, кој се најде на листата од 56 аболицирани лица до Иванов веднаш да побара повлекување на аболицијата, а доколку не го стори, Шекеринска да си поднесе оставка.

-Во случај Заев и Шекеринска да одлучат да се кријат и да молчат околу поднесување на барањата за деаболиција, ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното Обвинителство да отпочне постапки за одземање на криминално стекнатиот имот, бидејќи законот мора да важи за сите подеднакво и не смее да се дозволи само заради партиските функции некому да му биде дозволено да замине неказнето со незаконски стекнатиот имот.

Овие точки се многу едноставни и правични и со нивно исполчнување, СДСМ може да докаже дека кај нив постои волја во иднина да се откажат од деструктивната политика. Овие точки се базирани на основните принципи на демократијата и владеење на правото и ги поддржуваат мнозинството од граѓаните, рече Ѓорчев.

 

ВМРО-ДПМНЕ Прибе
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.