Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ ја напушти седницата на Комисијата за уставни прашања. Координаторот на пратеничката група Никола Мицески рече дека ВМРО ДПМНЕ нема да учествува во  расправата за усвојување на уставните измени.

-ВМРО ДПМНЕ се за ЕУ и НАТО, но се против наметното решение за Северна Македонија, рече Мицески.

Тој ја обвини власта дека бара алиби во ЕУ и НАТО и ги злоупотребува за да ја оправда својата погрешна политика.

Дебатата во уставната комисија продолжи. Амандамните ги образложува министерот за надворешни работи Никола Димитров. За уставните амадамни да станат составен дел од Уставот треба да гласаат 80 пратеници.