Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ објави повик кон граѓаните за марш закажан за утре

0
By Нова ТВ on December 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Партијата ВМРО-ДПМНЕ објави повик до граѓаните за марш утре (3.декември) во 16.30 часот пред Министерството за правда.

„Биди пиреј. Приклучи се на маршот за правдината и за татковината“, гласи повикот на опозициската партија.

Во своето образложение на повикот, ВМРО-ДПМНЕ пишува дека правдината била погазена, а борбата за правдината била должност и света обврска.

„И таа борба започнува со силата на помал број на посветени и непокорни луѓе, за потоа да блесне и да го осветли целото општество. Таа борба подразбира истрајност, страдање, храброст, идеја, чест и име. Биди и ти дел од генерацијата која ја започнува борбата за правдината. Впиши го своето име на светлата страна на нашето секојдневие и нашата иднина. Кога правдината е погазена, Татковината е ослабена. Татковината не може да оди напред кога правото станува неправо, кога реваншизмот станува стил на живот, кога политичкиот прогон прераснува во страст, а покорноста се претвора во вредност. Без правдина – нема Татковина! Затоа непокорот е одговорот! Животот во помал дел е она што ти се случува, а во најголем дел е како ти реагираш на она што се случува. Браќа и сестри, дами и господа, вие сте тие кои реагирате и кои одлучувате! Да покажеме дека сме слободоумни, самосвесни, слободни луѓе, кои не се плашат од ризиците туку смело им пристапуваат, кои не се штедат за да се борат за правдината, и кои не се срамат што си ја сакаат Татковината“, се вели меѓу другото во повикот на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ марш
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.