Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерот Алаѓозовски

0
By Нова ТВ on August 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието на Република Македонија поднесоа интерпелација за работата на министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Претничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ во изјава во Собранието обвини дека веднаш по назначувањето на Алаѓозовски на функцијата министер во земјава има тренд на уназадување на културата и културниот развој, преку, како што рече, преземање на голем број иницијативи во насока на партизација на културата, селекција и дискриминација на уметниците и културните дејци, не водење грижа за културното наследство, запирања на сите капитални инвестиции во културата,…

– Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека со доаѓањето на Роберт Алаѓозовски на финкцијата Министер за култура, оваа област во Република Македонија за кратко време од седумдесетина дена го допре дното. Затоа сметаме дека треба што поскоро да си замине од позиција и на негово место да дојде искрена и чесна личност со изграден однос, кредибилитет и грижа кон културното и историското наследство, со почит кон сите уметници и културни работници. Личност која ќе се залага за подобар статус и подобри услови за уметниците, и ќе се грижи за промоција и презентација на културата и уметноста на нашата држава во домашни, меѓународни и светски рамки, рече Лашкоска.

Во изминатиот период, додаде, сведоци сме на незаконско разрешување на професионалци во институциите од областа на културата и вдомување на партиските послушници во Министерството за култура.

– Мораме да потенцираме дека ребалансот на Буџетот и кратењето на средствата во културата се најеклатантен пример за тоа колку Владата на СДСМ и министерот Алаѓозовски немаат никакво чувство на припадност, никакво чувство за култура и за културните и уметничките вредности, за нашето непроценливо културно наследство кое го поседуваме и кое е еден од главните атрибути за препознатливост на Република Македонија, посочи Лашкоска.

Министерот Роберт Алаѓозовски, потенцира, од самиот почеток на неговото работење во ресорот наместо да започне да работи во интерес на културата и културните работници, се фрли на политички пресметки и незаконски разрешувања на раководни лица во институциите од областа на културата, без да биде испочитувана законски пропишаната процедура.

– Една од првите одлуки како министер му беше да скрати 30 милиони денари и да запрат археолошките истражувања. Скратени се и 30 милиони денари за филмска дејност или дури половина од Буџетот предвиден за финансирање филмски проекти на конкурс за Агенцијата за филм. Дополнително, Алаѓозовски формира совети, работни групи и назначува советници без компетенции и со биографии кои се единствено богати со закани, омраза, бес, гнев и фрустрации кои ги артикулирале со бројните најави дека ќе ги рушат, минираат и уништат спомениците на културата само затоа што ги изградила владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, порача Лашкоска.

Алаѓозовски, додаде, ги скрати средствата за реконструкција на новата Универзална сала во Скопје, за изградба на новиот објект на Охридскиот театар, за изградбата на Струмичкиот театар, а под знак прашалник е ставена и изградбата на новиот објект за Драмски театар во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ интерпелација Роберт Алаѓозовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.