Опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска преку соопштение оцени дека претресите што денеска беа спроведени во домовите на екс министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски се „класична форма на политички притисок и заплашување на секој кој не ги поддржува деструктивните политики на СДСМ“.

-Активностите на СЈО секогаш служат за создавање димна завеса и дефокус на јавноста од реалните проблеми на граѓаните, со што медиумите под контрола на власта наместо да известуваат за катастрофата со која што се соочува државата и граѓаните, добиваат коска во форма на монтирани политички случаи на СЈО и судството под контрола на хунтата, се вели во соопштението.