Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ вечерва ја обвини владејачката партија СДСМ за прекршување на Изборниот законик. Според партијата, СДСМ дели пропаганден материјал низ скопската Општина Центар, иако не е почната изборната кампања.
– ВМРО-ДПМНЕ ќе ја извести канцеларијата на ОБСЕ во Македонија за злоупотребите на власта и предвреме почеток на изборната кампања. Ова е нервоза и паника поради страв од поразот кој им престои. Ништо нема да го спаси СДСМ од пораз, залудни се сите обиди и кршења на закони, само заглавуваат луѓе во криминал кои утре ќе треба да одговараат, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата за ова испратија фотографии.