ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ ја загрозиле безбедноста на граѓаните со амнестија на над 2.000 затвореници, меѓу кои имало и осуденици за тешки кривични дела.
Според опозициската партија, за неполни 24 часа повторно некои повторно се вратиле на криминалот, а жртви биле невини граѓани.
„Нападнати се жени и мажи, разбојништва и кражби се вршени врз млади и врз стари. Жртвите се множат, а МВР не успева да ги заштити граѓаните“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека предупредувале во предизборната кампања оти СДСМ прави предизборна коалиција со криминалните структури во државата и дека партијата ќе мора да им се оддолжи за поддршката за локалните и предвремените парламентарни избори.