ВМРО ДПМНЕ ги обвини премиерот Зоран Заев и спикерот Талат Џафери дека „режираа разочарувачки ден во Собранието“ и со тоа ја довеле во прашање препораката за отпочнување на преговори за ЕУ, повикувајќи се на изјавата на амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние во врска со закон за јазиците.
-СДСМ го погази деловникот за работа на Собранието. Владеачкото мнозинство ја спречи амандманската расправа и насилно го прогласи неуставниот закон за двојазичност за изгласан. СДСМ ја обезвредни улогата на Собранието и пратениците и на сила истурка закон без да го испочитува правото на пратениците со амандмани да интервенираат во истиот. Законот ваков каков што насилно го истурка власта е неуставен, неприменлив и штетен. За ВМРО-ДПМНЕ ваквиот закон е неприфатлив, се вели во денешното соопштение од опозициската партија.