Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-НП: 10 години без функција за оние кои ја прифаќаат аболицијата

0
By Нова ТВ on April 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 18, 2016 14:25

ВМРО-Народна партија предлага сите политичари кои ќе ја прифатат аболицијата од претседателот Ѓорѓе Иванов во наредните 10 години да не смеат да извршуваат јавна, државна или политичка функција.

Оние пак, кои нема да ја прифатат, според ВМРО-Народна треба со правна регулатива во законот, да можат по редовна судска постапка да ја докажат својата невиност.

– ВМРО-Народна партија изразува разочарување од големата медиумска застапеност на политичари опфатени со аболицијата кои без срам и перде и со невидена хипокризија се појавуваат во јавноста. Тие залудно се обидуваат  да се прикажат како жртви на наместени судски прогони, очекувајќи со тоа дури да им се зголеми рејтингот градејќи имиџ на чесни политичари, наместо со минимум искажано достоинство да се повлечат и да се сокријат од критиките и бесот на јавноста, се вели во партиското соопштение до медиумите.

Тие велат крајно се загрижени од новонастанатата ситуација предизвикана од “скандалозната одлуката на претседателот Ѓорѓe Иванов за аболиција“.

– Со ова општата криза во Р.Македонија дополнително се искомплицира и стана неподнослива, политичкиот систем скоро и да не постои, правниот систем е комплетно суспендиран, жестокоста помеѓу спротивставените страни е донесена до критично ниво, а меѓународниот углед на Р.Македонија е до крај срозен, смета партијата.

ВМРО-Народна ги повикува четирите политички партии како најодговорни и најлегитимни според Пржинскиот договор, веднаш да седнат на заедничка маса и како единствено можно решение во овој момент да го прифатат овој предлог.

аболиција ВМРО-НП Иванов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.