Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Внатрепартиски избори на демократите во САД: Берни Сандерс е победник во Хемпшир

0
By Биљана Секуловска on February 12, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сенаторот на Вермонт, Берни Сандерс е победник во Хемпшир, во внатрепартиската трка за демократски кандидат на претседателските избори на САД, борејќи се со Пит Бутиџиџ, екс градоначалникот на Саут Бенд, Индијана.

По победата во Хемпшир во 2016 година, со маргина од повеќе од 20 поени во однос на Хилари Клинтон, се очекуваше Сандерс да однесе победа, како сенатор од соседна држава. Но, трката се заостри откако резултатите дојдоа во вторникот вечерта, уште еднаш произведувајќи изненадувачки тесна трка помеѓу Сандерс и Бутиџиџ, неговиот најголем ривал, но и можен победник за кандидат на демократите, јавува Си-Ен-Ен.

‘Да кажам дека оваа победа е почеток на крајот за Доналд Трамп“, рече сенаторот од Вермонт, поздравувајќи го неговото „досега невидено движење грасрут“ од брег до брег.

Сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен, се најде на четвртото место, додека поранешниот потпретседател Џо Бајден е на петтото место, уште еден разочарувачки резултат за долгогодишниот фаворит по минатонеделните хаотични предизбори во Ајова.

Во својот говор пред приврзаниците, 38-годишниот Бутиџиџ, кој е геј и води кампања со сопругот, му честиташе на Сандерс, но потоа понуди критика на неговиот 78-годишен конкурент, велејќи дека гласачите не треба да избираат меѓу „револуцијата “ и„ статус кво “.

„Повеќето Американци не гледаат каде се вклопуваат во таа поларизирачка визија“, рече Бутигиег, известува Гардијан.

Кандидатите сега се пред нов предизвик во држави како Невада,  Јужна Каролина и поразновидни држави кои ќе гласаат на Супер вторник- како Калифорнија и Тексас. Но, Сандерс го искористи моментот и прогласи победа, што е  извонреден кам-бек на кандидатот, кој беше отпишан од многу експерти, откако претрпе срцев удар на почетокот на октомври.

Њу Хемпшир, кој е познат по тоа што вдахнува нов живот во напорните кандидатури, исто така и донесе брз моментум на сенаторката од Минесота, Ејми Клобучар, која се најде на третото место по силниот настап во дебатата во петокот навечер, што поттикна доцна пораст на нејзината поддршка.

И Клобучар и Бутиџиџ се чини дека биле разбудени од големиот број независни гласачи во државата – на кои им е дозволено да гласаат во внатрепартиските избори од која било партија.

И покрај неговата победа во вторникот вечерта во Хемпшир, Берни Сандерс сепак се соочува со искачување по угорнина за да ја добие демократската номинација и доколку успее, сепак може да изгуби од претседателот Трамп оваа есен. Сепак, дури и во пораз, првиот самопрогласен социјалист во американската историја кој има реална шанса да ги достигне овие предизвици најверојатно ќе постигне различен вид на победа, што воопшто некогаш имале можност само неколку претседатели на САД: трансформирање на идеологијата и програмата на Демократската партија, анализира Њујорк тајмс.

Всушност, оние кандидати кои успеваат решително да ја сменат партијата, честопати не се оние што ја добиваат самата Бела куќа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.