Published: Sunday, December 7, 2025 18:53
Порто Ново: Група војници во западноафриканската држава Бенин влегоа во студио на националната телевизија и објавија дека ја преземаат власта во земјата. Најмалку осум војници се обратија до нацијата дека воениот оптор предводен од полковникот Тигри Паскал ги распушта државните институции, го суспендира Уставот и ги затвора воздушните, копнените и морските граници на Бенин.
Нивниот потег претставува најнова закана по демократските норми во регионот и доаѓа по минатомесечниот пуч во Гвинеја Бисау.
Набргу потоа се јави министерот за внатрешни работи на Бенин кој соопшти дека армијата успеала да спречи државен удар во земјата.




