Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во „8 септември“ и на Клинички има 30 повредени – петмина се во критична состојба

0
By Нова ТВ on February 15, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 15, 2019 13:18

Триесет и шест повредени од автобуската несреќа кај Ласкарци се наоѓаат на лекување во Градската општа болница „8 септември“ и во Клиничкиот центар во Скопје. Од нив шест денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Во „8 септември“ остануваат 22 пациенти, од кои шестмина се на одделот за Интензивно лекување и кај двајца од нив во текот на ноќта се извршени операции.

Се работи за 15 годишно момче и 40 годишен маж, кои имаат повеќе повреди, а интервенциите се извршени во пределот на абдоменот. Како што соопшти директорот на ГОБ Христијан Костов, тие се во добра состојба, самостојно дишат, но се на одделот за Реанимација и нивната состојба се следи.

Двајца пациенти се уште се на респираторен систем уште од првиот ден кога се донесени и кај нив има повеќе повреди, но доминантни се на главата.

Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје се наоѓаат 8 пациенти, од кои четворица се на КАРИЛ, другите се на Неврохирургија, Торакална и трудницата е на Гинекологија. Како што изјави министерот за здравство Венко Филипче нејзината состојба е добра.

Најтешка е состојбата кај една млада пациентка, за која во тек се консултации за операција, поради тешката состојба со ногата. За останатите пациенти, Филипче рече дека се со повеќе повреди во пределот на градите, стомакот и главата, но во моментот за нив не е неопходна операција.

Во трагедијата што се случи во средата, загинаа 14 лица. Меѓу нив има студенти, пензионери и најголем дел се лица кои работеле во Скопје и се враќале кон своите домови во Гостивар и околните села.

Во земјата е прогласена дводневна жалост во чест на загинатите.

Јавното обвинителство вчера го заврши увидот на местото каде автобусот на Дурмо турс излета од патот и се преврта на спротивната страна. Следува истрага која треба да ги открие причините за трагедијата. Автобусот ќе се вештачи на Машинскиот факултет, за да се утрвди брзината со која се движел и дали бил исправен. Од досегашните сознанија е утврдено дека автобусот бил набавен во 2001 година, а последен пат бил регистриран во јануари 2019 година.  Вешт наод и мислење треба да достави и Бирото за судски вештачења. Исто така, во текот на денот обвинителството ќе даде издаде и други наредби како што е проверка на листинзите на телефонот на возачот но и вештачење дали можеби користел други апликации за комуникација како вибер.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.