Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО истражува дали возачот во моментот на трагедијата разговарал на мобилен телефон

0
By Нова ТВ on February 14, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 14, 2019 15:34
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи денеска во 13.15 минути го заврши увидот на лице место на тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на патниот правец Скопје-Тетово, во која 14 лица го загубија животот, а повеќемина се повредени.

Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ кој преминувајќи преку двете сообраќајни ленти излета од автопатот и се преврте во близина на стариот пат е подигнат од местото на несреќата и по наредба на јавниот обвинител врз него ќе се врши детално техничко вештачење од страна на Mашинскиот факултет во Скопје, соопштуваат од Обвинителството.

Заради правилно утврдување на фактите, денеска на местото на несреќата беше присутна и екипа на Mашинскиот факултет која ги направи првите проверки на исправноста на возилото.

Од досегашните сознанија утврдено е дека автобусот бил набавен во 2001 година, а последен пат бил регистриран во јануари 2019 година. По наредба на јавниот обвинител, Машинскиот факултет ќе изготви писмен вешт наод и мислење.

На лице место со јавниот обвинител денеска беше присутна и екипа на Бирото за судски вештачења, од каде треба да биде изготвен писмен вешт наод и мислење за причините на сообраќајната незгода.

Надлежниот јавен обвинител ќе ја побара целокупната документација од компанијата „Дурмо турс“ во врска со дозволите за јавен превоз кои ги поседува, одржувањето на возилата, бројот на патници и продадени карти во автобусот кој сообраќал на релацијата Скопје-Тетово, како и податоци во врска со работното време и релациите кои ги поминал возачот на критичниот ден.

Возачот кој управувал со автобусот е хоспитализиран и се здобил со телесни повреди. Веднаш по несреќата јавниот обвинител имаше првичен разговор со него и притоа тој не даде релевантни податоци за целиот настан.

Јавниот обвинител усно е известен дека анализата на примероци на крв и урина покажала дека во моментот на несреќата кај возачот не е регистрирано присуство на алкохол, лекови или психотропни супстанции. Со барање на листинзи од мобилен оператор ќе се утврдува дали возачот во моментот на несреќата користел мобилен телефон.

На Институтот за судска медицина, по наредба на јавниот обвинител извршена е обдукцијата на 13 од починатите лица, додека за едно лице обдукцијата е во тек. Од страна на увидните екипи на Министерството за внатрешни работи по завршениот увид до Основното јавно обвинителство Скопје ќе бидат доставени записниците за увид, скицата, фото документацијата и други обезбедени материјални докази.

По приемот на овие докази, по доставување на обдукциските протоколи, медицинската документација за повредите на другите патници, извештаите за наредените вештачења, по  испитување на возачот, на патниците во автобусот и на очевидци на настанот, како и по обезбедувањето на целокупната релевантна документација, во зависност од утврдените факти, обвинителството ќе донесе јавнообвинителска одлука.

Со оглед на тежината на самиот настан и обемот на истражни дејствија кои ќе се преземат во претходна постапка во постапувањето по овој предмет е вклучен и втор јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

 

автобуска несреќа обвинителство увид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.