Белгиските специјални полциски едници вчера вечер извршија акција во рамките на антитерористичката операција која започна по терористичките напади во Париз.
Акцијата е изведена во пет бриселски населби како и во градот Шарлруа на сто километри од Брисел. Извршени се претреси на 19 локации.
Во акцијата како што соопшти федералното обвинителство биле приведени 16 лица. Меѓу приведените не е “непријателот број еден” Салех Абделсалем. Едно лице е повредено при судир со возило на полцијата во обид за бегство. Во операцијата не е пронајдено оружје ниту пак експлозив.
Федералното обвинителетсво одби да одговри на новинарски прашања во интерес на истрагата која се продолжува.
Во Брисел се продолжува вонредната сосотјба. Метроата нема да работат ни денска а ќе бидат затворени и сите училишта и образовни институции.




