Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во акцијата во северна Митровица пронајдено оружје и уапсени 4 лица

0
By Нова ТВ on November 23, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 23, 2018 11:48

Косовското Специјално обвинителство соопшти дека во акцијата што утрово ја спроведоа специјалните полициски единици РОСУ во северна Митровица се уапсени четири лица осомничени за убиството на Оливер Ивановиќ и е пронајдено оружје и друг доказен материјал, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на обвинителството се наведува дека во акцијата е извршен претрес на неколку објекти и имоти, за кои имало сознанија дека во нив може да се откријат значајни докази за кривичното дело, односно за досега нерасветленото убиство на Ивановиќ, еден од лидерите на косовски Срби.

– Со цел да се спроведат законските процедури за обезбедување докази за апсењето на осомничените лица за кривичното дело – убиството на Оливер Ивановиќ, врз основа на барање на Специјалното обвинителство на Република Косово и писмениот налог од судија во претходна постапка од тешки злосторства во Приштина, претресени се неколку објекти и имоти во северниот дел на Митровица, затоа што е оценето дека има реални можности на тие места да се откријат и запленат значајни докази за кривичното дело, се вели во соопштението на обивнителството.

Во акцијата, како што се наведува, „полицијата на Косово пронајде илегално оружје и други материи кои претставуваат кривично дело и за кои се постапува според службена должност“.

Оливер Ивановиќ беше убиен во јануари годинава во северна Митровица, недалеку од неговиот дом, пред седиштето на неговата партија, Граѓанската иницијатива СДП и досега немаше речиси никакви информации за сторителите и мотивите за убиството.

Вучиќ: Немаме доверба во КФОР, тие намерно ја измамија јавноста

Упадот на единиците на РОСУ во Северна Митровица покажа дека силите на КФОР, односно на НАТО, намерно ја измамиле севкупната јавност и денеска на сите им е јасно според чиј налог и со чија помош преставниците на НАТО лажеле, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во разговор со кинескиот амбасадор во Белград, Ли Манчанг, соопшти Кабинетот на Вучиќ.

На средбата со рускиот амбасадор Александар Чепурин, Вучиќ изјави дека во сегашната ситуација Србија нема повеќе причини за доверба во мисијата на КФОР, односно на НАТО во Косово, бидејќи се покажало дека сè што се зборувало за движењето на единиците на РОСУ е измама, соопштија од кабинетот на Вучиќ.

На одделните средби на Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ со кинескиот и рускиот амбасадор, тие ги информирале за најновите настани по упадот на силите на РОСУ во Северна Митровица и побарале од амбасадорите да им пренесат на кинеското и на руското раководство дека Србија никогаш не била во потешка ситуација, и покрај постојаните повици за мир и стабилност и сериозниот пристап за решавање на сите проблеми.

Како што соопшти кабинетот на Вучиќ по средбата со двајцата амбасадори, тие уште во текот на денот ќе ги информираат раководствата на своите држави, додавајќи дека Србија може да смета на нивната поддршка.

Вучиќ утрово имаше состанок со шефовите на војската и полицијата и командантите на сите специјални единици на војската и полицијата, а одржана е и седница на српската Влада, поради која премиерката и министрите ги откажаа сите најавени состаноци и средби. Владата во Белград за денеска во 19 часот повторно има закажано вонредна седница.

Припадници на косовската специјална полиција РОСУ утринава по налог на специјалното обвинителство влегоа во северниот дел на Косовска Митровица и уапсија двајца припадници на косовската полиција од српска националност и двајца граѓани од северниот дел на Митровица.

Апсења поврзани со убиството на Ивановиќ

Како што соопштија од косовската Влада, апсењата се поврзани со убиството на косовскиот политичар Оливер Ивановиќ и не се насочени против било која заедница.

Косовската полиција трага по потпретседателот на Српска листа на Косово, Милан Радојичиќ, кој според српските медиуми важи за еден од најмоќните Срби на Косово.

Портпаролот на КФОР на Косово, Виченца Гразо изјави дека таа служба знаела оти единиците на РОСУ ќе влезат денеска на север од Косовска Митровица и дека причината за апсењето на четворица е „приведување на правдата” во врска со случајот за убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива СДП Оливер Ивановиќ.

Градоначалникот на Косовска Митровица Горан Ракиќ, по седницата на Кризниот штаб на четирите општини во северно Косово изјави дека бараат веднаш да се ослободат граѓаните на Косовска Митровица кои беа уапсени утринава или властите да достават валидни докази.

апсења. Ивановиќ Митровица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.