Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во август државата ќе прогласи кризна состојба за електрична енергија

0
By Mirjana on July 22, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 22, 2022 13:51

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека се планира во август да се прогласи кризна состојба во делот на електричната енергија. Состојбата е непредвидлива и сериозна, претстојната зима ќе биде тешка, порача Бектеши.

„Ние планираме да ја ставиме во функција Комисијата согласно Законот за енергетика и да прогласиме кризна состојба во август во делот на електричната енергија, но таа Комисија предвидува различни мерки вклучувајќи ги и рестрикциите, кои може да се избегнат ако нема забрана за увоз на струја што сме го имале тоа како ситуација во Република Северна Македонија  кога го правела Бугарија во одредени периоди “, изјави министерот за економија Бектеши.

Тој информира дека „кризната состојба согласно уредбата е со цел да се интервенира со финансиски средства во енергетските компании , зашто вчера е донесена одлука од страна на ЕБОР за обезбедување на 100 милиони евра за потребите на ликвидноста на ЕСМ за да може во одредени периоди да купува електрична енергија и да се купуваат јаглен и мазут за три блока во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и за ТЕЦ Неготино со цел хидропотенцијалот да се чува за зима, рече Бектеши.

Тој кажа дека земјава била во потрага по алтернативни решенија за енергенси, ако целосно се забрани увозот на електрична енергија  а при недостаток на природен гас, се размислува некои од фирмите да се префрлат на друг енергенс како што е јагленот и мазутот.

„За се на планот на енергенсите ќе ги следиме одлуките на Европската Комисија, рече Бектеши, бидејќи ако сме го одбрале тој курс треба да се споделува и доброто и лошото. Македонија нема билатерален договор со некоја земја за испорака на гас, кој кај нас протекува од Бугарија чиј дел до 2030-та година го има закупено Гаспром. До сега сме биле снабдувани од Гаспром. Инаку нема да купуваме гас во рубљи , ако е таква политиката на ЕК. Се разгледува можноста  за користење на течен гас од терминалите од Грција и Турција и гас од Азербејџан, нагласи Бектеши.

Тој истакна дека и компаниите како и граѓаните се субвенционирани во делот на потребите за електрична енергија и дека од над 70.000 компании 67.000 илјади го искористиле тоа. Само уште околу 4.500 компании биле на слободниот пазар и дека ќе разговарале со Стопанската комора како да им се помогне и ним.

Мирјана Трпческа

 

Бектеши за прогласување кризна состојба за ел. енергија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.