Published: Sunday, December 20, 2015 14:20
Во тоалетот на авион на компанијата Ер Франс е пронајден експлозив , соопштија утрово кениските власти. Експлозивната направа била пронајдена од патниците во авионот кој летал за Маурициус. По пронаоѓањето на експлозивот авионот принудно слетал на аеродромот во Момбаса, Кенија. Двајца осомничени од летот се приведени на распит. Во авионот се наоѓале 459 патници и 16 членови на екипажот.




