Published: Saturday, August 1, 2015 15:18
Четири лица загинаа при авионска несреќа, меѓу кои и членови на семејството на поранешниот терорист број 1, Осама Бин Ладен.
Несреќата на приватен авион се случи во Британија, кога авион од Саудиска Арабија ја промашил пистата и удрил во автомобили и притоа се запалил, пренесe BBC.
Пилотот и тројцата патници загинале кога авионот „феном 300“ се обидел да слета на аеродромот Блекбуш во Хемпшир.
На земја никој не бил повреден.
Како што известуваат медиумите од светот, во несреќата загинале маќеата на Бин Ладен и неговата сестра.



