Published: Saturday, March 14, 2015 07:52
Седуммина меѓу кои и едно бебе загинаа во хеликоптерска несреќа која ноќва се случи во близина аеродрмоот „Никола Тесла“ во Белград.
Леталото тргнало од Рашка кадешто било ангажирано во спасување на бебе, родено пред пет дена. Посадата на воениот хеликоптер требала да го спаси бебето кое било заглавено на пат кон Крагуевац во возило на итната медицинска помош, а кое не можело да стигне до болницата поради одрон на патот.
Воениот хеликоптер долго кружел околу аеродромот во Белград безуспешно обидувајќи се да слета поради лошите временски услови.
По три часа кружење контролата на летањето околу 3 часот изутринава го изгубила контактот со посадата на леталото. Причините за падот се се уште непознати.




