Познатиот српски бизнисмен Милан Беко вчера е ранет со два куршума пред неговата куќа во Белград.
Беко веднаш бил префрлен во Ургентниот центар во исклучително тешка состојба.
Танјуг јави дека Беко бил успешно опериран и дека неговата состојба е „тешка, но стабилна“.
Неофицијално се дознава дека Беко имал две прострелни во стомакот и градите.
Според српските медиуми, во Беко пукало непознато лице кое го сочекало пред неговиот дом во белградаката населба Сењак.
Бизнисменот Милан Беко не е член на ниту една политичка партија, иако беше министер во коалициските влади на Социјалиситчката партија на Србија (СПС), Нова демократија (НД) и Југословенската левица (ЈУЛ) во 90-те години на минатиот век.
Тој учествуваше во приватизација на неколку најголеми српски претпријатија, а во последно време неговото име се споменуваше како кандидат за директор на „Железницата на Србија“.




