Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во болницата во Ниш се лекуваат 6 потешко повредени од несреќата кај Лесковац

0
By Нова ТВ on December 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 17, 2018 09:11

Шест лица потешко повредени од сообраќајната несреќа на македонскиот автобус кај Лесковац се хоспитализирани во болницата во Ниш. Тие се во стабилна состојба, но со сериозни повреди. Синоќа шестмината повредени ги посети минисерот за здравство Венко Филипче, а претходно и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски. 

–Во Клиничкиот центар во Ниш дојдовме на посета на посериозно повредените патници од превртениот автобус. Вкупниот број на пациентите кои овде се третираат изнесува шест. Засега се сите стабилни, но сериозно се повредени и им треба уште еден период од неколку дена во којшто нивните витални параметри ќе се следат. Кај двајца од тие шестмина може да дојде до ситуација во која што можеби ќе биде потребна и хируршка интервенција, изјави Филипче во Ниш.

Претходно, како што изјави министерот, ги посетил повредените патници хоспитализирани во болницата во Лесковац.

Во болницата во Лесковац се сместени осум патници со полесни повреди, и како што рече Филипче, за  ден до два ќе бидат упатени на натамошно домашно лекување во Македонија за што ќе бидат во континуиран контакт со колегите од Србија и заеднички ќе го организираат првозот.

– За жал, тројца пациенти биле починати на самото место. Понатаму, на персоналот овде во Клиничкиот центар во Ниш кој навистина аплицира современи медицински методи за третман на нашите пациенти и на двајцата градоначалници на Лесковац и на Ниш кои излегоа во пресрет и ја дадоа поддршката во однос на тоа што требаше да се излезе во пресрет и на семејствата на луѓето што сега се лекуваат. Тие беа во постојан контакт и со министерот за здравство на Србија д-р Лончар на кого исто така сакам да се заблагодарам за поддршката која што ја даде во целокупноит процес на третман на овие пациенти, изјави Филипче.

Несреќата се случи ноќта помеѓу саботата и неделата во 1.45 часот на автопатот кај Лесковац. Три лица загинаа, маж и две жени, а 31 се повредени.  Тешката сообраќајна несреќа се случи кога автобус со македонски регистарски таблички од струшката фирма Еуро Бус, кој патувал на линијата од Струга за Виена,  излетал од патот пробивајќи ја заштитната ограда и се превртел кај клучката Печењевци во близина на Лесковац.

Автобусот со македонски патници тргнал од Македонија во саботата околу 20 часот и во него имало патници од повеќе места во Македонија, а еден од повредените изјави за медиумите дека не се сеќава на несреќата, бидејќи сите спиеле во тој момент.

болница Ниш лесковац повредени сообрачајка Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.