Во неколку бомбашки напади во Багдад и централниот дел на Ирак, денеска настрадаа најмалку 29 луѓе, а повредени се 69, пренесува АФП.

Во две истовремени експлозии на еден од пазарите во шиитскиот дел на Багдад, Кадимија, загинаа најмалку 11, а повеќе од 30 се повредени.

Сунитските милитанти често ги напаѓаат шиитските цели во Ирак, со намера за преземање на земјата назад во секташкото крвопролевање, што е најлошо во периодот од 2005 година до 2008 година, според АФП.

Во последните неколку недели во Ирак е изведена серија од неколку бомбашки и самоубиствени напади и во тоа во средината на политички кризи и протести на сунитите кои бараат оставка од премиерот Нури ал-Малики, изјавуваат француските агенции.