Специјалните единици на белгиската полиција вечерва стапија во антитерористичка акција во стеогиот центар на градот. Акцијата се одвива во близината на најголемата туристичка атракција Гранд плас. Полицијата засега не соопштува ништо за оваа акција но затоа многумина корисници на Твитер јавуват дека се очевидци на полициската акција. Гости на повеќе хотели во овој дел на градот на Твитер соопштуваат дека не им е дозволено да ги напуштат хотелите. Исто така жителите на овој дел од градот велат дека полицијата им упатила предупредување да не излегуваат на прозорците.
Информации за полициска акција имаше и во изминатите два дена но подоцна беше објаснето дека се работело за лажна тревога.
Инаку кризниот штаб кој заседаваше вечерва одлучи да се продолжи највисокото ниво на вонредната состојба. Метрото останува затворно и утре а нема да работат ниту училиштата и универзитетите. Колку долго ќе трае оваа вонредна состојба властите немаа одговор и побараа од населението да остане мирно и да ги следи инструкциите кои ќе бидат издадени.




