Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Брисел почна билатералниот скрининг состанок за Поглавјето 1 – „Слободно движење на стоки“

0
By Ана Василевска on February 6, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Брисел денеска почна билатералниот скрининг состанок за Поглавјето 1 – „Слободно движење на стоки“, кое е дел од вториот кластер „Внатрешен пазар“. Делегацијата на Северна Македонија ја предводи заменичката на главниот преговарач на Република Северна Македонија со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили која го посочи напредокот и спроведените реформи во ова поглавје, со конкретниБрисел активности.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), преговорите со Европската Унија ќе ги отстранат сите пречки во областа на трговијата.

„Со почитување на обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), од 2009 година донесовме сеопфатна хоризонтална Стратегија за слободно движење на стоки и целосно имплементиравме Акционен план за усогласување со членовите 34-36 од ТФБЕ, кои резултираше со вкупно 42 правни акти кои беа идентификувани како мерки со еквивалентно дејство на квантитативни ограничувања кои беа укинати или изменети до 2016 година. Во моментов, со поддршка на техничката помош на ЕУ, во рамките на ИПА проектот „Зајакнување на внатрешниот пазар“, започнавме со подготовка на нова Стратегија, ажурирана со најновото европско законодавство и продолживме со сеопфатен преглед на законодавството релевантно од гледна точка на предизвикување нецарински пречки во трговијата, со цел да се подготви нов акционен план со рокови за отстранување на овие пречки“, истакна во својот говор Абдиу-Халили.

Таа укажа дека имаме уште за работа во  областа на ова поглавје и дека се потребни посуштински реформи, потенцирајќи дека несомнено отворањето на поглавјата за време на преговорите за полноправно членство во ЕУ, како и континуираната поддршка од Европската комисија, ќе го дадат потребниот поттик за подлабоко и повеќе ефикасно спроведување на реформите во однос на слободното движење на стоки.

„Слободното движење на стоки е една од четирите основни слободи на ЕУ. Принципот на слободното движење на стоки значи дека производите произведени во земја членка на Европската Унија можат слободно да циркулираат во други држави во рамките на единствениот пазар на ЕУ. Единствениот пазар на ЕУ е основан пред 30 години, има 415 милиони потрошувачи и сочинува 18 отсто од глобалната економија. Трговската размена на стоки меѓу Северна Македонија и Европската Унија зафаќа вредност повеќе од 10 милијарди евра, односно 5,2 милијарда евра увоз на стоки од земјите на ЕУ и 5 милијарди евра извоз на стоки од нашата земја во земјите на Европската Унија. Усогласеното европско законодавство за производи, кое треба да се транспонира, го претставува најголемиот дел од acquis. Повеќе од суштинско значењето да се има доволен административен капацитет за известување за трговските ограничувања и спроведување хоризонтални и процедурални мерки во областите како што се стандардизација, оцена на сообразност, акредитација, метрологија и надзор на пазарот“, наведува СЕП.

Презентациите на преговарачкиот тим за Поглавјето 1 – „Слободно движење на стоки“ ќе продолжат во следните четири дена, а во петок почнува билатералниот скрининг за Поглавјето 4 – „Слободно движење на капитал“.

Брисел Дрита Абдиу-Халили скрининг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.