Денеска околу 16 часот пријавено е дека на ул. „Максут Садик“ во скопската населба Чаир, од страна на непознато лице се врши поткуп при избори и гласање, информира МВР.
Во врска со настанот, поради сомнение за кривично дело „Поткуп при избори и гласање “ по член 162 од Кривичниот законик на Република Македонија приведени се две лица Б.И (46) и С.А (24) и се преземаат мерки за расчитување на настанот.