Published: Sunday, April 5, 2020 17:13
Чешката полиција истражува 12 случаи на „лажни вести“ во врска со пандемијата на коронавирус. За ширење лажни вести предвидена е казна до 8 години затвор.
Истрагите се вршат за жена од Прага, која, наводно, се повикала на сигурен извор во владата тврдејќи дека градот ќе биде целосно во карантин.
Друг случај се однесува на жена која, наводно, користела социјални медиуми за да шири лажно тврдење дека друг град на Чешка става во карантин и ќе биде изолиран од остатокот на земјата.
Според правилата на вонредна состојба во Чешка, секој што шири лажни вести кои може да предизвикаат масовна паника може да биде осуден на долгогодишна казна затвор. Истите санкции важат и за оние кои ги пренесуваат лажните вести.




