Во Дебар денеска се одржува вториот круг од изборите за градоначалник, на кои право на глас имаат 19.211 лица, кои своето гласачко право ќе можат да го остварат на 27 избирачки места.
Во првиот круг одѕивот на гласачите во Дебар беше околу 42 отсто.
Вчера во Дебар гласаа болните и изнемоштени лица. Правото на глас го остварија 60 лица, две не гласаа, а еден гласач не бил запишан во избирачкиот список.
Според потпретседателка на Општинската изборна комисија – Дебар, Јосифовска, вчера гласале 40 лица повеќе отколку во првиот изборен круг, кога своето гласачко право го остварија 20 болни и изнемоштени граѓани.
Се е подготвено за спроведување на изборите денеска – изборниот материјал за гласање е веќе распределен, избирачките одбори се обучени за начинот на гласање.