Published: Wednesday, March 16, 2022 12:28
Косовската полиција уапси две лица и запленила 36.180 килограми месо со истечен рок во месноста Захаќ во градот Пеќ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението, се работи за телешко и пилешко месо и риба по потекло од Бразил, од Италија и од Полска. Месото, кое е откриено во депо за отпадоци, е конфискувано и ќе биде уништено.
Во врска со случајот, уапсени се лицата А.Х., менаџер на пет деловни единици и А.А., заменик директор на депото за отпадоци.
Тие се сомничат за кривичното дело „производство и пуштање во промет на штетни прехранбени производи“. На А.Х. му е одреден 48-часовен притвор, додека А.А. е пуштен во редовна процедура.




