Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Дрисла загадување од медицински отпад над дозволената граница

0
By Нова ТВ on December 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 12, 2017 11:21

Во рамките на засилените активности за спречување и контрола на загадувањето на амбиенталниот воздух Државниот Инспекторат за животна средина соопшти дека на 1. декември извршил вонреден инспекциски надзор кај депонијата за комунален отпад Дрисла во с. Батинци.

Според информацијата за извршен надзор утврдено е дека Дрисла од октомври 2013 г. поседува измена на А-Дозволата за усогласување со оперативен план.  При инспекциски надзор на инсенераторот за согорување на медицински отпад, истиот не бил во работен процес во тој момент. Инаку, тој работи секојдневно во две смени со капацитет од 250кг./час., односно 3 тона на ден. Дрисла, согласно дозволата врши месечни мерење на емисија на гасови од емитерот/оџакот на инсинераторот од страна на акредитираната лабораторија за животна средина Технолаб за што се изработени месечни Извештаи.

„Од добиените резултати од мерењата на емисија на загадувачки супстанции во воздухот од печката за спалување на медицински отпад, за месеците септември-октомври е евидентирано надминување согласно Правилникот на граничните вредности за параметрите односно просечните концентрации на јаглероден моноксид, сулфур двооксид и прашина. Поради ова надминување и повреда на законска одредба, ДИЖС поведе постапка која е согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух, односно Законот за животната средина за правното лице, а Записникот е потпишан и прифатена е спогодбата која понатаму ќе ја води Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање“, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина.

ДИЖС во инспекциска постапка, исто така, изготвил и Решение за ограничување на работата на инсенераторот за медицински отпад од само 8 часа во период помеѓу 7 и 19 часот и целосна забрана за работата на печката за согорување на медицински отпад кога се надминати праговите на алармирање на загадување на град Скопје за мерна станица Лисиче.

Инаку ДПКО Дрисла покрај мониторингот од страна на Технолаб има поставено и сопствена помала автоматска станица за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух, а резултатите од мониторингот се објавуваат на Интернет страницата на правниот субјект Дрисла. Од 2016г. за сопствени потреби Дрисла врши мерење на јонизирачко зрачење (радиоактивност) на отпадот што влегува и на разни делови на самата депонија.

Записите за мерењата укажуваат дека мерењата се вршени на целата површина на депонијата Дрисла почнувајќи од влезот каде им се врши мерења за јонизирачки зрачење на одредени возила кои носат отпад, па завршувајќи на самото тло на депонијата каде е депониран отпадот. За извршените мерења ДРИСЛА-СКОПЈЕ ДОО води дневник за интерни потреба за јонизирачките мерења и истиот е достапен за увид на надлежните институции. Радијациона сигурност е во надлежност на Дирекцијата за радијациона сигурност.

При надзорот констатирано е дека на депонијата се носат и одредени количини празни канистри од компанијата Кемет електроникс од ТИРЗ-Бунарџик. Истите се уништуваат со компактирање во телото на депонијата. Во одредена полузатворена просторија во кругот на депонијата организирано е собирно место за отпадни масла, веднаш до сервисот за механизацијата на правниот субјект и истите се собираат во метални буриња, а потекнуваат од сервисирање на сопствената механизација. Собраното отпадно масло се предава на Аутохаус-Заковски, Скопје, компанија овластена од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

воздух Државен инспекторат за животна средина Дрисла Загадување медицински отпад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.