Опозицијата во Венецуела и денес ќе протестира против претседателот Николас Мадуро и бара распишување предвремени избори.
Од почетокот на протестите пред еден месец во Венецуела загинаа 23 луѓе од кои двајца вчера.
Опозициониот пратеник Мигуел Пицаро вчера ги обвини институциите што ги контролира владата за “соучесници во државниот удар” и повика денес повторно да се одржи протест во центарот на Каракас.
По еден месес протести анти-чавистите (според името престедателот Уго Чавез кој почина во 2013 година) продолжуваат со притисокот врз владата за предвремени избори. Редовните треба да се одржат во декември 2018 година.
Владата и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за насилство во кое над 600 лица беа уапсени.
Единаесет јужно-американски држави и САД бараат исто така да се одржат предвремени избори.
Политичката криза во Венецуела започна со победата на парламентарните избори во декември 2015 година и се разви пред еден месец. Врховниот суд, близок до Мадуро, си додели права како да е парламент. Но поради меѓународниот притисок судот мораше да се повлече. Според опозицијата ова беше државен удар и поради тоа се потребни нови избори.
Во 2014 година исто така имаше бран протести во кои официјално загинале 43 лица.




