Published: Wednesday, December 21, 2016 09:30
Најмалку 31 лице загина, а 70 се повредени во серијата експлозии, кои одекнаа на еден од најпознатите мексикански пазари за пиротехника во северно предградие на Мексико Сити, јавува Си-Ен-Ен.
Локалните власти нагласуваат дека меѓу повредените има и деца со изгореници, кои зафатиле повеќе од 90 отсто од телото.
Засега не се знае што ја предизвикало првата експлозија на лесно запаливите материјали и на големото количество барут во бројните предмети и направи за традиционалните празнични огномети, што се многу популарни кај Мексиканците.
Полицијата и спасувачките екипи изјавија дека експлозиите биле толку силни што ѕидовите на објектите каде била чувана пиротехниката „практично биле стопени“ од високата температура што притоа се развила.
Во експлозиите се уништени повеќе од 80 станови, како и куќи во околината.
Мексиканските медиуми јавуваат дека за време на експлозиите на пазарот се наоѓале 300 тони огномент.




