Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во фаза на уништување 267.687 анти-ковид вакцини, а во јули истекува рокот на уште 500.000

0
By НОВА ТВ Balaban on April 1, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вакцините со изминат рок се горат во инсценератор, а на 4 март годинава уништени се наеднаш 67.687 дози вакцини против ковид-19, или 320 килограми вакцини, велат во „Дрисла“ 

Кога ги немаше вакцините против ковид-19, едвај чекавме да стасаат и да се заштитиме, но сега голем дел од нив почнаа да завршуваат на депонијата „Дрисла“ бидејќи им изминува рокот на употреба. Од Министерството за здравство велат дека во постапка за уништување се 267 илјади дози вакцини, а на располагање се уште половина милион дози со рок на важност до 31 јули годинава. Во Дрисла на почетокот на март се уништени 67.687 дози односно 320 килограми вакцини, а за еден килограм се наплатува околу 50 денари. Тоа значи дека тони анти-ковид вакцини годинава ќе завршат на депонијата  Дрисла.  

Од Министерството за здравство појаснуваат:

– Постапката за уништување на вакцините се реализира во неколку фази и станува збор за 267 илјади дози. Целата постапка е реализирана во соработка со Институтот за трансфузиологија, а цената за уништување е симболична и истата од страна на Дрисла се наплаќа по килограм, ни одговорија од ресорното Министерство.

Оттаму потенцираат дека „сите вакцини кои се користат во моментот се сигурни и безбедни, a согласно законската процедура вакцините на кои им поминува рокот, најпрво се повлекуваат од употреба, а потоа почнува постапка за нивно уништување, во соработка со МАЛМЕД“.

Има уште 500.000 дози, со рок на траење до 31 јули

Од Министерството за здравство додават дека во моментов има на располагање околу 500.000 дози вакцини, кои се сигурни и безбедни.

– Најголемиот дел вакцини се со рок на траење до 31 јули. Додека, на еден помал дел вакцини рокот им истекува заклучно со крај на мај и крај на јуни. Во моментов, фокусот останува на промоција на имунизацијата и во тек е поширока кампања при што граѓаните кои спаѓаат во ризична група се информираат по СМС порака за термин и пункт со цел да го заштитат своето здравје. Тече и карванот за вакцинација против ковид-19, кој ќе се реализира и оваа недела, одговараат надлежните, но не прецизираат по која цена биле набавени вакцините.

– Во однос  на прашањето за набавката, од страна на стручната служба сме информирани дека договорот со компанијата е со доверлив карактер, велат од Министерството за здравство.

Вакцините се горат во Дрисла

Од надлежните во депонијата „Дрисла„ добивме одговор дека таму се уништени 67.000 дози во почетокот на овој месец, најмногу од Астра Зенека.

– Вакцините со изминат рок се горат во инсценератор, а на 4 март годинава уништени се наеднаш 67.687 дози вакцини против ковид-19, или 320 килограми вакцини. А по производители, 50.939 дози се од Астра Зенека, 15 348 дози од Фајзер, од Синовак беа само 400 дози, а од компанијата Синофарм вкупно 1.000 дози. Роковите им беа изминати уште во минатата година, на тие на Фајзер, на пример, изминале уште во септември и октомври 2021 година, вели за НоваТВ Јане Мицевски, директор на „Дрисла“. 

За постапката за уништување се плаќа околу 50 денари по килограм, но пред да почне процесот, прво треба да се добие решение дека вакцините се со изминат рок.

– Кога ќе стигне спецификација кои вакцини се на ред за уништување, се мери колку тежат и се уништуваат преку печка, односно инсценератор, каде се горат, по што има и записник колку дози се уништени, додаваат до Дрисла.

Во однос на дилемата за преостанатите дози вакцини, околу 200.000 дози, дали и кога ќе бидат уништени, од Министерството за здравство појаснуваат:

– Станува збор за редовна административна процедура во однос на обезбедување согласност во соработка со МАЛМЕД во однос на уништувањето и на останатите количини вакцини со поминат рок. Уништени се 67. 000, додека на 200. 090 рокот им е истечен заклучно со февруари за што исто така информиравме, велат од МЗ.

МАЛМЕД издал две одобренија, во процедура се 200.090 дози 

Од МАЛМЕД за НоваТВ денеска појаснија:

– Досега Агенцијата има издадено две одобренија  за уништување на вакцини на Министерството за здравство на вкупно 67.000 дози на вакцини. Барањето за уништување на 200.090 дози вакцини, за кои се интересирате, на кои им  изминал рокот 02.2022 година, е сеуште во процедура на одобрување. Истите треба да бидат проследени на уништување, по издавање на одобрението за уништување од Агенцијата за лекови и медицински средства, одговараат од Агенцијата и додаваат дека „понатамошниот тек на постапката на уништување го врши Министерството за здравство како подносител на барањето и сопственик на вакцините“.

За една година вакцинирани 852.855 лица, а и со трета доза 152.109 граѓани

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против COVID-19.
За нешто повеќе од една година, заклучно со 24.03.2022, вакцинирани се вкупно 872.652 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 852.855 лица, а со трета доза се вакцинирани 152.109 лица.

(Љ.Б.)

вакцини Јане Мицевски МАЛМЕД Министерството за здравство уништување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.