До денеска 60 отсто од француското население примило барем една доза од вакцината против Ковид-19. Само во последните две недели биле вакцинирани четири милиони лица.
-Заедно ќе го победиме вирусот. Продолжуваме!, порача претседателот на Франција Емануел Макрон, кој се наоѓа во посета на Пацификот, во Француска Полинезија, објавувајќи дека е надминат прагот од 40 милиони вакцинирани луѓе.
„Дури 40 милиони Французи примија барем една доза вакцина или речиси 60 отсто од населението“, напиша Макрон на својот твитер профил.