Едно од нив имало неисправни сопирачки, а две биле со неизвршен технички преглед.

Вчера (25 ноември) од 10 до 15 часот, на поширокото гостиварско подрачје спроведена е акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. Во контролата откриени и санкционирани се 3 технички неисправни возила.

Едно од нив имало неисправни сопирачки, а две биле со неизвршен технички преглед. Возилото со неисправни сопирачки веднаш е исклучено од сообраќај и на тројцата возачи изготвени им се соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот  на патиштата и Законот за возила.