Published: Thursday, December 11, 2014 19:12
Во Грција можно е наскоро да има предвремени парламентарни избори откако премиерот, Андонис Самарас реши пратениците до Нова Година да изберат нов претседател. Во случај Собранието да не избере нов претседател, грчкиот Устав предвидува да се оди на вонредно гласање.
Партијата на Самарас, Нова демократија, како што јавуваат грчките медиуми, ги нема потребните 180 пратеници за нов шеф на државата и затоа прашање е дали Грција во моментов е пред предвремени избори.
Самарс дојде на власт во јуни 2012 и има уште речиси две години од мандатот, меѓутоа според последните анкети доколку сега би се одржале избори победник би била левичарската партија Сириза со 29 отсто од гласовите, пет повеќе од Нова демократија.




