Поради отстапување од начелата за добра клиничка пракса хрватската Агенција за лекови и медицински производи ХАЛМЕД од аптеките ги повлече лековите Алердин од 2,5 и 5 мг на Белупо , Ескиталопрам на Фарма, Есконтрал директ од 2,5 и 5 мг, Рексоцеф на Алкалоид, Синалгерт на Фидифарм и Трамадол/Працетамол на Фарма.
На списокот на ХАЛМЕД се наоѓа и Вазидин на Сандоз, но од компанијата тврдат дека тој лек никогаш не бил на пазарот на Хрватска.
Од Агенцијата за лекови објаснуваат дека клиничките испитувања за овие лекови, на основа на кои добиле дозвола за продажба биле направени во ГВК Баосансис во центарот за испитување Хадурбад во Индија, каде инспекцијата пронашла одстапување од добрата клиничка пракса.
Овие лекови ќе престанат да се продаваат во Хрватска се додека производителите не спроведат нови испитувања во други центри. Од ХАЛМЕД потенцираат дека лековите се повлекуваат поради внимателност, а не заради сигурносни причини.




