Published: Thursday, February 1, 2018 21:53
Иранската полиција притвори 29 жени, кои во знак на протест ги симнале своите велови од лицата.
Уапсените жени учествувале во кампањата против носењето хиџаб, позната како „Бела среда“, во рамки на која на тој ден жените ги симнуваат своите бели шамии.
Жените кои во јавност ќе ја покажат косата можат да бидат казнети со два месеца затвор или парично со 25 долари.




